Кој сака да живее во апартман 155 метри под земја во рудник за сребро ?! :)

popara2 октомври, 20111min00
000

„Салата Силвермаин“ е необичен хотел сместен во некогашен рудник за сребро во градот Сала во Шведска. На своите гости им нуди можност да поминат ноќ во уникатна сова која се наоѓа на 155 метри под земјата.

Несекојдневниот апартман е опремен со луксузен ентериер, мебел од сребро и шампањско во сребрен послужавник, а сето тоа чини 440 долари за една ноќ, но резервациите се прават една година однапред.

„Не сме чуле за ниедено друго сместување со ваква интересна локација, особено не за некои кои се волку под површината на земјата“, изјавила Софи Андерсон, маркетинг директорката на хотелот.

„Луѓето може да помислат дека хотелскиот апартман е ладен и мрачен, но тој се наоѓа во еден топол дел каде просечната температура е 18 степени. Користевме лустери и свеќи за осветлување на просторот,а тие се поставени така што сребрените површини добијат неверојатен сјај„, објаснила Андерсон.

„Ноќта беше неверојатна, но советувам да понесете топла облека кога одите во тоалет,бидејќи во текот на ноќта температурата во рудникот е пониска. Секој кој сака нешто необично го препорачувам ова уникатно искусво“, изјавил еден гостин од Данска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma