Кампањата “петок без крзно” неделава се одржа низ целиот свет, организирано од страна на Здружението за заштита на животните ПЕТА. На овој начин, здружението се обидува на симболичен начин да ја покаже суровоста на светската индустрија за производство на крзно. Околу 55 милиони животни во светот биле третирани на многу суров начин, убивани со пестициди, фаќани во стапици, убивани со електро шокови од 220 волти, а во најголемиот случај биле живи одрани поради нивното крзно. “Крзното е мртво”, е слоганот на кампањата ” “I’d Rather Go Naked Than Wear Fur” во организација на ПЕТА, која трае веќе 20 години. Многу познати ѕвезди одлучиле да се соблечат до крај и да се обидат да ја побудат свеста што фсушност значи да се носи крзно и колку животни мора да умрат за едно обично палто. Погледнете кој се ја украси насловната страница на една од најуспешните кампањи во светот.