Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер се врати на глумата. Тој веќе се спрема за снимање на новиот филм каде ја има улогата на агент за недвижности.
На прв поглед се чини дека станува збор за обичен филм без акција и без можност тој да ги истакне своите боречки способности. Но, потоа следи заплетот. Бразилски криминалци ќе го киднапираат и за него ќе бараат откуп, а откако ќе се ослободи тој ќе се пресмета со нив.