Која диета е најдобра за вас?

popara10 септември, 20111min00
DIETA 4

Спортисти

На спортистите најпотребен им е одмор-вели Вонг. Кога некој цело време е во петта брзина, најверојатно ќе се повреди и нема да може повеќе да вежба. Зависници од вежбање мораат сами да си ја одредат паузата од вообичаениот распоред и да направат истегнување за да дозволат телото да се одмори од напорот. Секоја недела интензивно вежбање би требало да следи недела на опуштање.

Исхраната на спортистите треба да биде свежа храна, особено со зеленчук и протеини.

Самци

Ако сте самец, во вежбањето би требало да ги најдете оние работи кои ги сакате и не ги сметате како некој вид казнување туку нешто за кое се радувате. Бидејќи на вас никој не ви наредува , правете го она што ви е забавно и добро. Иста филозофија за исхрана се применува и тука – јадете го она што го сакате, и вашите оброци нека ви бидат забава, а не обврска.

Млади родители

Родителите потполно се посветуваат на своите деца. Поминуваат толку многу време во готвење оброци за другите па сами не се во состијба да јадат и немаат доволно енергија во напорниот ден.

Клучот е да се избегнат на грицките и да се седне и да се јаде полн оброк. Во спротивно, целодневното грицкање води до преголем внес на калории и стекнување на тежината, вели Вонг и советува вежбање со децата кога е тоа можно, без разлика дали се работи за трчање и валкање по тревата или држење на децата во раце додека ги искачат скалите.

Научете да практикувате да вежбате во кратки интервали кога можете. Домашната работа и трчањето ги трошат калориите и ако се придржувате на ова додека вашето дете спие за вие да вежбате, ќе биде доволно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag