Џенифер Анистон не се срами да ги потенцира своите облини, но и има добра причина за тоа. Како што знаеме, 42- годишната актерка постојано е одлично скоцкана кога се појавува на црвениот тепих и на други официјални настани, но од фотографијата можеме да заклучиме дека Анистон не изгледа лошо ни во кежуал варијанта, таа едноставно зрачи со сексапил.
Белата маичка “случајно” малку беше проѕирна, па можеме да го забележиме спортскиот црн градник кој очигледно не доволно и ги прикрива градите на актерката.
Анистон во последно време често знае да привлече внимание од овој тип. Неодамна, се појави во слично секси парче долна облека, на премиерата на “Five”- филм на кој таа беше извршен директор и продуцент.
Погледнете ја галеријата од познатите и нивните “храбри” деколтеа:)))