Која е тајната на среќниот брак?! Зар има таква…:)))

popara5 октомври, 20111min00
naslovna

Здодевноста е еден од главните” убијци” на среќата во бракот, покажало истражувањето кое вклучило 200 семејства пред развод и нивните адвокати.

Американската новинарка Ирис Краснов која е во брак 23 години има посебен рецепт за решавање на овој проблем: самостојни активности и одмори.

Целе деценија, оваа жена еднаш годишно заминувала на одмор без својот маж. Кога синовите и биле млади, работела како советник во приватна компанија во друга земја, додека нејзиниот маж се грижел за семејството.

Иако некогаш поминувале и по седум недели одвоени еден од друг,нивниот брак само се зајакнувал.

До рецептот за среќата во бракот дошла со испитување на 200 жени кои биле мажени и дознала дека умерената дистанца е вистинско решение за досадата.

“Не можете да бидете среќни во бракот, ако не сте среќни и надвор од него”, изјавила Ирис. Една од најголемите заблуди во врската е вербата, дека вашиот партнер е единствен извор на среќа.

“ Ниту една личност, не може да ве направи посреќни. Тоа се само вашите чувства. Кога живеете со некој, ќе бидете среќни само ако одвоите време да се откриете самите себе и да бидете повремено потполно независни од партнерот”.

За Карснов тоа значи дека сопугот нема да го гледа барем неколку ндели. Некои од жените од кои земала интервју тоа “бегство”  подразбира патување со пријателките или пронаоѓање ново хоби кое им даваможност  да ја заджат индивидуалноста иако имаат семејство.

“Клучот е да вие и вашиот сопуг имате одвоени авантури, а не одвоени животи”, смета таа.

Ирис го организирала времето кое го поминува без сопригот на три до четири недели годишно и научила  да се чувствува пријатно, дури и кога тој не е со неа.

Некои парови одат и чекор понатаму, така што повремено живеат во различни куќи.

Всушност, дистанцата од партнерот ви дава одредена доза на самодоверба. Студијата објавена во списанието “Семејни односи” открива дека жените чии мажи се рибари или камионџии често ја превземаат улогата “глава” на куќата, бидејќи поради долгите отсуства од домот се приморани на тоа.

Тие побрзо учат да бидат мајстори во домакинството и вршат задачи на кои инаку би се посветил нивниот маж, а за возврат добиваат повеќе самодоверба.

Сепак, не веруваат сите дека меѓусебната зависност е лоша.

Американските научници открија дека паровите поминуваат помалку  време заедно, а премногу независност и самостојност може идејата за развод да ја направи поприфатлива.

Бидејќи нидена крајност не носи добар резултат, можеби среќата ќе ја најдете во “одвоеното  заедништво”.

Во ред е со партнерот да делите се, но оставете малку приватност, можеби вашиот брачен живот ќе биде многу поинтересен.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag