Кокосовата вода е природен еликсир за вечна младост, тврдат индиските научници. Освен ефектот на подмладување, кокосовата вода прави чуда кога станува збор за ослободувањето од вишокот на клограми.
Кокосовата вода е одличен начин за одржување на течностите во вашето тело на оптимално ниво, особено заради уникатниот состав на електролит. Тоа значи дека, со помош на кокосовата вода кожата ќе остане еластична, хидратирана и мека. Кокосовата вода е како плазма во својата молекуларна структура и во неолку војни била користена како солен раствор, односно инфузија.
Една чаша окосова вода содржи 46 калории, а е многу хранлива за организмот. Колку за споредба, кокосовото млеко содржи дури 550 калории. Научниците веруваат дека кокосовата вода може да ни помогне да ослабнеме. Слатката вода не тера да заборавиме на слатките и ни помага да ја отстраниме потребата за храна.
Кокосовата вода не содржи масти, туку природен шеќер и минерали, а богата е со магнезиум, калиум и влакна, кои го подобруваат варењето.
One comment
Valdrina
8 април, 2016 at 17:27
Pozdrav kaj mozhe da najdam kokosova voda?