Познатата италијанска модна куќа Гучи ќе одбележи 90 години успешно постоење со ексклузивната колекција за машка и женска облека „Фиренца 1921“.
Креативниот директор Фрида Џанини го истакна значењето на овој јубилеј и потенцираше дека намерата на оваа колекција е да оддаде почит Гучи преку луксузните креакции.
„Секоја креација во колекцијата раскажува своја приказна, едно поглавје од богатата историја на овој бренд“, објаснува Џанини.
Освен познататото „G“ лого, креациите од оваа колекција ги краси и печатото „Фиренца 1921“, а освен облека, ќе најдете и обувки, привезоци за клучеви, марами, торби и новланици. Секое парче облека е изработено со посебни техники и извонредни бои, од темно кафена, бордо, розева и темнозелена боја, во комбинација со модерен металик сјај.
Џанини исто така спроведува и нова еколошка стратегија, па Гучи веќе започна со користење на кафени и златни пакувања од луксузни и издржливи материјали кои ја заштитуваат природата.
Браво за јубилејот и нека им се множат!