Многумина од нас имаат многу неуспешни обиди да раскрстат со цигарите. Некои купуваат апчиња, некои се обидуваат со алтернативни методи, а Колин има “посебен” рецепт.
Еден ден седнав со една кутија цигари и ги испушив сите внимателно сконцентриран на секоја од нив. Потоа седнав и напишав едно проштално писмо до цигарите. Им пишував како да се разделувам од некоја девојка. Почнав од почетокот, како се запознав со нив, како се забавуваме и на крајот дека мора да ја прекинеме врската, вели Колин.
Тоа беше прв пат да прекинам со некого писмено, вели низ смеа Колин.