Иако мета на хакерите најчесто се популарните жени, има големи шанси наскоро да видиме „голи фотографии“ од еден од најпознатите мажи на светот – Џастин Тимберлејк.
Според последните шпекулации, актерката Мила Кунис исто така била нападната од хакери, но освен нејзини непријатни фотографии, хакерот нашол нешто можеби уште поинтересно – слики од познатиот пејач Тимберлејк „како од мајка роден“.
Сликите им биле понудени на неколку таблоиди за неверојатно голема сума на пари. Проблемот е во тоа што на сликите не се гледа лицето на Џастин, што укажува на тоа дека можеби не станува збор за неговото тело. Доколку се вистински, тие фотографии вредат едно мало богатство.
Она што е интересно, според Ник Ричи, сопственик на TheDirty.com, е фактот дека на сликите се гледа „малечкиот Џастин“. Според Ричи, сликите „не се баш за фалење“. Тој вели дека неможе да ја одреди точната цена на овие фотографии, бидејќи не е сигурен дека станува збор за Тимберлејк.
Ричи вели дека сеуште незнае дали ќе ги откупи фотографиите, бидејќи смета дека можеби станува збор за измама која сака да ја искористи моменталната фама која се крена околу приватните фотографии на Скарлет Јохансон.