Фотографијата на познатата манекенка од 1993 година е продадена за неверојатни 19.000 евра!
Една од фотографиите на Кејт Мос на која позира гола и која настанала во почетоците од нејзината кареиера, е продадена на аукција за 19.000 евра.
Црно – белата фотографија е сликана во Маракеш, Мароко и е дело на германски фотограф, Алберт Вотсон за германското издание на магазинот “Vogue” во јануари 1993 година. Фотографијата на која Кејт е потполно гола, за 19.000 евра ја купил анонимен човек од Велика Британија.
“Оваа фотографија е една од најдобрите во нејзината кариера”, изјавил Вотсон.