Европските и американските експерти на ова прашање одговориjа – не многу! Својот врв оваа терористичка организација го достигнала на 11.09.2001 година, а денеска значително е ослабена и повеќе неможе да врши напади како оној пред десет години.
Најпознатата терористичка организација на светот, Ал Каеда, денеска е драстично ослабена отколку пред десет години, тврдат американските и европските експерти, а пренесува Ројтерс. Иако заканите не се целосно исчезнати, сега нивната природа е сосема поинаква. Најголема опасност сега претставуваат помалите групи кои и немаат никаква врска со Ал Каеда. Тие се служат со оружје кое сами го изработуваат, а организацијата во внатрешноста им е слаба и затоа неможат да изведат толку сложени напади како оние пред десет години.
Утре е десет годишнина од најголемиот терористички напад во САД, потточно нападот во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година каде погинаа околу 3000 луѓе.
Јадрото на Ал Каеда е сериозно ослабено, но тие се уште имаат сојузници како што се пакситанските талибанци кои можеби би можеле да послужат како дополнителна сила, тврди поранешниот аналитичар на ЦИА, Брус Ридел.
Ликвидацијата на лидерот на најголемата терористичка организација, Бин Ладен, како и убиствата другите челници кои следеа потоа, значително ја ослабнаа Ал Каеда.
Денска најдобро организирани подружници на Ал Каеда и на Бин Ладен, се старите групи како оние во Јемен или во Северна Африка, а опасност претставува и Anwar al-Awlaki, американски државјанин кој организира групации во САД и Западна Европа, како и сегашниот шеф на организацијата Ayman al-Zawahiri.