Колку ли само фотографии поседува Facebook?! 10,000 пати повеќе од најголемата светска книжарница…

popara26 септември, 20111min00
fb

Секој ден на социјалната мрежа Facebook се објавуваат повеќе од 200 милиони фотографии, а за време на новогодишните празници корисниците имале објавено дури 750 милиони слики.

На друштвената мрежа моментално се наоѓаат 140 милијарди фотографии кои корисниците ги прикачиле или објавиле на мрежата. Воопшто не е чудо што поседува толку разни фотографии од домашните работилници на корисниците, но Facebook има 10000 пати повеќе фотографии во споредба со најголемата светска книжара, онаа на американскиот Конгрес.

Како што велат и самите податоци од експертите на Facebook дневно има „постирано“ повеќе од 200 милиони фотографии. Според проценките на сопствениците на фотографии, годишно се сликаат околу 150 фотографии, а од тој број дури 20 проценти ги објавуваат на друштвената мрежа. Блогерите од сервисот „1000 Спомени“ сметаат дека од кога е измислен фотоапаратот се направени 3,5 билиони фотографии, а дури десет проценти од нив се направени во последнава година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma