Колку пари кошташе „спојувањето“ на Источна и Западна Германија?! :)

popara2 октомври, 20111min00
germanija

Креаторот на германското економско чудо, Лудвиг Ерхард имал план од поранешниот Советски сојуз да го „откупи“ обединувањето на Источна и Западна Германија за 100 милијарди марки. Германија е пред прославата за 21 година од обединувањето. Ерхард како тогашен канцелар од 1964 до 1966 година сакал од Советскиот сојуз да го купи германското единство.

Тој план според наодите на весникот кој ја објави веста, може да се реконструира од непроучени, а од неодамна достапни документи на ЦИА и Министерството за надворешни работи на САД, каде е насловен како „Ерхардов план“.

Американците во тој план требале да бидат медијатори, а сумата за плаќање на Советскиот сојуз тогашниот канцелар Лудгер Вестрик ја пренесол на американскиот амбасадор во Бон, Џорџ Мекги, дека изнесува 2,5 милијарди долари годишно во текот од 10 години. Според тогашниот курс тоа бил изнесувало околу 100 милијарди марки.

Ерхард тогаш сметал дека германската финансиска помош добро ќе му послужи на Кремљ и руската економија. Американските дипломати тогаш во своите досиеја го означиле планот како нереален и сметале дека нека никаков изглед за успех.

Желбата на Ерхард, американската влада да го соопшти тоа на Никита Хрушчов останала неисполнета. Германија утре ќе прослави 21 година од обединувањето, а кога станува збор за обединувањето, весникот навел дека мнозинството повеќе се сеќава на падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година, отколку официјалната парламентарна декларација за обединување на 3 октомври 1990 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag