Колку сексуално искуство е всушност премногу???

popara16 октомври, 20111min00
200322057-001

Често слушаме како мажите се фалат со нивното сексуално искуство и бројот на сексуални партнерки. Во денешно време и жените знаат да се фалат за богатото сексуално искуство, особено затоа што мажите покажуваат дека сакаат жени со искуство.

Но истакнувањето на бројот на сексуални партнери, било да станува збор за вистина или лага, многу пати може да има и негативен ефект, особено доколку се обидувате да освоите и да заведете некого. Истражувањата покажаа дека личностите кои имале преголем број на сексуални партнери не се пожелни ниту за секс, ниту за врска. Од друга страна, ни оние кои немаат искуство не се „материјал“ за романтичен спој. Па каде лежи успехот??? Најверојатно во „златната средина“.

Необично е кога некој тврди дека имал само еден или двајца љубовници, затоа што во поголемиот број случаеви тоа е лага. Нема ништо лошо во тоа дека „сте лудувале“ во младите години, но во никој случај нема да успеете да освоите некого се фалите со некоја неверојатна бројка на љубовници.

Затоа, не бидете ниту смотани почетници ниту закоравени љубовници, затоа што „златната средина“ е она што ќе ви донесе нова љубовна врска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma