Жителите на југозападниот колумбиски град Барбакоаса го запре штрајкот со секс, кој го започнаа пред неколку месеци.
Преку 250 жени од овој град одлучија во јуни месец да ги запрат сите сексуални односи со партнерите се додека локалните власти не се согласат да изградат пат кој нивниот град ќе ги поврзува со остатокот од земјата.
Бидејќи по 20 години ветување, работите на новиот пат конечно започнаа минатиот вторник, жените од градот изјавија дека на „сексуалната апстиненција и дојде крајот“.
Новиот пат за цели шест часа ќе го намали патувањето до првиот поголем град.
Градоначалникот на Барбакоаса, град со околи 35.000 жители, лично потврди дека штрајкот е прекинат и декља неговата жена по тримесеци престанала да спие во одвоена соба.