Тел Авив – израелски компјутерски експерти измислиле програма за анализа на текстови кои ќе можат еден ден да откријат кој ја напишал Библијата.
Израелските комјутерски експерти и експертите кои ја проучуваат Библијата креирале на Универзитетот во Тел Авив, посебен вид на алгоритам, кој би требало да разјасни дали сите делови од книгата се дело на ист автор.
Многумина веруваат дека Тората, првите пет книги од Библијата, ги пишувал еден човек, Мојсеј. Сепак, повеќето експерти сметаат дека Библијата ја напишале повеќе автори, а системот може да помогне во анализа на многу елементи од стуктурата на речениците па и до самиот текст.
Алгоритмот со голема сигурност ќе покаже дали одреден дел од текстот го напишала една личност или повеќе.
Софтверот бил тестиран со две хебрејски книги, еспертите мешале пасуси од двете книги и барале од системот да ги реши.
Програмата работела со 99% точност. Овој алгоритам бил претставен на 49 конференција на компјутерски лингвисти во Портланд.