Конечно! Facebook добива апликација за iPad

popara29 септември, 20111min00
ipad-facebook-large

Facebook наскоро ќе излезе со долгоочекуваната апликација за iPad. На 5 октомври, на претставувањето на iPhone 5, заедно со апликацијата за iPad, се очекува и обновената верзија на апликацијата за iPhone, а можеби и претставување на пазарот на мобилни телефони и апликација базирана на HTML5.

Апликацијата на Facebook за iPad, која многу сопственици на овој таблет долго ја чекаат, всушност била готова уште во мај. Проблемите, според двата извори кои се запознаети со ситуацијата, биле затегнатите односи помеѓу Facebook и Apple, како и изборот на најдобриот момент во кој апликацијата треба да се пушти на пазарот.

Не е никаква тајна дека овие две компании биле во неколку конфликти за различни прашања, во текот на последните две години.

Но, се шират гласини дека Facebook може да биде интегриран и во iOS. За ова наводно се размислувало и пред неколку години, меѓутоа поради одредени несогалсувања најверојатно ќе се случи Apple да го интегрира само Twitter во својот iOS 5.

Односите помеѓу овие две компании сепак почнуваат да се подобруваат и тоа поради заедничката цел – да го победат Google, како и поради едноставниот факт дека Apple и Facebook си требаат еден на друг.

Facebook нема мобилна платформа, додека Apple нема социјална платформа, па кулминација на ова обновено пријателство е видлива во лансирањето на Facebook апликацијата за iPad.

Покрај тоа се очекува да биде претставена и новата верзија на Facebook за iPhone, која ќе биде редизајнирана и побрза од постоечката.

Facebook исто така работи на проектот кој Facebook платформата ќе ја донесе во мобилните уреди. Проектот под наслов Project Spartan е замислен како платформа на која програмерите можат своите Facebook апликации да ги снимат на мобилните уреди преку HTML 5 платформата.

Имено, Apple во моментов соработува со Facebook за подобрување на HTML 5 платформата, но сега за сега нема информации кога оваа платформа би била претставена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma