Кортни Лав тужена од сопственичката на станот!? Должела кирии и сакала да го запали!?

popara18 декември, 20111min00
0

Кортни Лав е тужена од сопственичката на станот во Њујорк, за кој пејачката месечно одвојува за кирија 27.000 $. Дона Лион ја обвинила вдовицата на Курт Кобејн дека не платила две кирии во износ од 54.000 $, и дека се обидела да го запали станот.

– Јас сум должна киријата да и ја плаќам месец за месец, така се договоривме. Сопственичката бара да се платат два месеци кирија однапред. Иако не е во договорот, јас ќе ја платам киријата но под услов да ми се продолжи договорот на уште шест месеци, изјавила Кортни, и признала дека со запалена свеќа предизвикала мал пожар во станот кој бил брзо изгаснат.

Портпаролот на пожарникарите изјавил дека Кортни имала изгореници на рацете и дека одбила медицинска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag