Од понеделникот наутро преку Рударе повеќе не може ни птица да пролета. Магистралата која води од Приштина до граничните премини Јариње и Брњак, целата е затворена со барикади, претворена е во вистинска тврдина. Големи количини на пеесок биле поставени на патот, исто така и приколки од камиони и тешка машинерија, а на чело на барикадата била поставена слика на Путин со порака ”Рудар – српски Аламо”!, пишува Курир.рс.
– Ова е наша земја и нема да дозволиме тие да поминат овде! Работата е едноставна, ние немаме каде да одиме, па затоа ќе мора да се браниме, изјавиле неколку лица кои биле присутни на барикадите.
– Ако дојдат овде со албанските царински службеници, не ни преостанува ништо освен да легнеме пред тенковите и оклопните возила, па нека не газат. Ќе ги извадиме пред барикадите и нашите деца, изјавил Бранко Ниниќ, претседател на општината Лепосавиќ.
Тешка е неизвесноста во пресрет на најавите дека во петок ќе пристигнат албанските цариници и полиција.
– Се плашам, дека ќе дојдат со тенкови, во придружба на КФОР, и што ќе правиме тогаш, како ќе ги запреме?, изјавил еден од мештаните кој бил присутен на барикадите.