Жените облеката ја сфаќаат како уметност, па затоа модните додатоци како накитот, марамите, каишите и ракавиците се неизоставен дел на сечиј стил. За време на студените есенски и зимски денови, неизоставен дел од модните комбинации оваа есен се кожните ракавици.
Се согласуваме дека најважна улога на ракавиците е да ги штитат нашите раце од студот, но тие исто така се и важен моден детал во нашиот стил. Кожните ракавици зрачат со софистицираност и совршено го надополнуваат секој вид на облека, од професионален стајлинг до стајлинг за вечерно излегување.
Видови материјали за кожни ракавици:
Кожните ракавици се произведуваат од различни материјали, во различни бои и стилови. Разликата во материјалот кој се користи за нивна изработка го одредува чувството на топлина која ја пружаат, но и нивниот изглед и цена.
За поефтините кожни ракавици најчесто се користи кожа од крави, но заради дебелината на овој вид на кожа ваквите ракавици не се погодни за сите модели. Овчата кожа се користи за casual ракавици бидејќи обезбедува топлина заради природната волнена постава. Козјата кожа се користи ретко, и тоа за изработка на издржливи ракавици, но е груба за секојдневна употреба. Еленската кожа се користи за поскапи ракавици, заради издржливоста и еластичноста. За едни од најлуксузните кожни ракавици се користи јарешка кожа бидејќи е најмека и нуди најпријатно чувство. Најретко се користи кожа од дива свиња, бидејќи овој вид кожа е многу квалитетна, но и многу скапа.
При изработка на кожните ракавици, како постава може да се користи волна која пружа мекост и топлина. Исто така се користи и свила, кашмир, но и други материјали.
Стилови на кожни ракавици:
Освен врстата на материјал, може да одберете и каков стил на кожни ракавици сакате. Денес кожните ракавици се произведуваат во сите бои, но најпопуларни бои се сивата, кафената и секако црната боја. Според приликата кога сакате да ги носите ракавиците, одберете ја и нивната должина, бидејќи кожните ракавици се произведуваат и кратки до глуждовите, но и долги до рамената.
Одржување на кожни ракавици:
Повеќето видови на кожни ракавици може да ги исперете на раце во топла вода. Внимавајте со срнечката кожа, таа се чисти само влажна крпа бидејќи може да се скине. Откако ќе ги исперете ракавиците, исцедете ја водата и исушете ги во пешкир. Потоа дувнете ги за да се раздвојат и оставете ги да се изушат, но не дирекно на сонце или на извор на топлина. Пред целосно да се исушат, наврете ги на рака за да се истегнат. За оние видови на кожа кои не се перат, однесете ги на хемиско чистење.