Кралската венчавка чини 34 милиони долари

popara13 април, 20111min00
katemiddleton

Само уште две недели до големата кралска венчавка. Последните подготовки се во тек, а веќе во јавноста излезе и информацијата за тоа колку пари се потрошени за свадбата на векот.

На свадбата официјално поканети се 1.900 гости. Вкупната потрошувачка за свадбата изнесува 34.000.000 долари. Најголемата ставка од кралскиот бучет и припаѓа на безбедноста. За телохранители, полиција и обезбедување се потрошени неверојатни 32.000.000 долари.

Втора по големина е декорацијата. За цветниот аранжман кој ќе биде застапен насекаде се потрошени 800.000 долари.

Невестата ќе носи фустан од засега непознат дизајнер, а таа чини 434.000 долари. Кејт сега го носи прстенот од покојната принцеза Дајана, но на свадбата ќе добие нов вреден 11.000 долари.

За принцот Вилијам се потрошени најмалку пари. Тој ќе биде облечен во најдобрата униформа на кралските фоздухопловни сили.

Во црквата, каде тие ќе се венчаат сведоци ќе бидат многу деца кои се бездомници. По тоа, Вилијам и Кејт ќе се упатат со уште 600 поканети гости на ручек кај кралицата Елизабета. Вечерата ја организирал принцот Чарлс, кој за вечерата потрошил 150.000 долари, од кои 60.000 долари се наменети за најскапиот шампањ. На свадбената веселба поканети се 40 членови на кралски семејства од странските кралства, повеќе од 200 луѓе од владата, парламентот, дипломатијата и 60 гувернери и премиери.Вилијам и Кејт од светот на шоу бизнисот ги поканиле Викторија и Дејвид Бекам, Гај Ричи, Пол Мек Картни и многу други. Меѓу поканетите гости присутни ќе бидат и четирите поранешни девојки на Вилијам и двајца поранешни партнери на кејт, кои ќе бидат на иста маса.

Денот на кралската венчавка е прогласен за државен празник. Па така сите ќе може да уживаат во целодневната улична забава, на која ќе се одржат и многу концерти на најголемите британски ѕвезди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma