На затворениците од затворот во Шпанија им биле потребни неколку месеци за да го снимат филмот со наслов „Culpable“ (Крив), приказна за еден убиец кого го прогонуваат неговите жртви.
Ова необично филмско остварување ќе биде претставено на годишниот затворски филмски фестивал во северниот шпански град Леон, соопштуваат затворските власти.
– Еден од затворениците, учесник во овој проект, ги отслужуваше последните месеци затворска казна, па имаше право на редовни излегувања, но еден ден воопшто не се врати, – кажува портпаролот на затворската служба.
Затворениците беа приморани да завршат со снимањето на својата „драма позади решетки“ без главната ѕвезда која изчезнала без да остави било какви траги и тоа пред два месеци.
Избеганиот„ актер“ бил осуден на шест години затвор поради препродавање дрога и требало да биде пуштен на слобода во почетокот на 2012 година. По него е распишана потерница.