Во Каунас Литванија ( кадешто нашите кошаркари играа на европското првенство оваа година) , одлучиле да направат голема елка од рециклирани шишиња. За составувањео на оваа елка биле потребни 32,000 шишиња, и на нив биле поставени 40,000 новогодишни сијалички.
Елката е преубава, особено навечер кога свети од внатре и зелената боја од шишињата сјае.
“Зелената боја претставува мир, природаи екологија. Екологијата е скапа работа, и само луѓе со високо развиена свест ја разбираат дека тоа стварно чини пари. Нам ни се посреќи затоа што неморавме да потрошиме голем буџето за елкава, ”вели авторот на идеата , Јоланта Смидтиене.