Магазинот Us Weekly објавил шокантна приказна за тоа која е главен виновник за крајот на љубовта романса помеѓу Крис и Ким. Според магазинот главен кривец е Крис кој уште од првиот ден од бракот ја навредувал и сакал на секаков начин да профитираат од нејзината слава.
НБА кошаркарот посетувал разни ноќни клубови, и се повикувал на неговата позната сопруга, барајќи бесплатни пијалоци и други бенефиции.
– Крис постојано ја понижувал Ким пред луѓето. Ја нарекувал глупава, изјавил близок пријател на парот, и додал дека Крис бил многу љубоморен што Ким е попозната и побогата од него.
– Се обидуваше да ја контролира, со тоа што ја наврдуваше. И зборуваше страшни работи. Во една прилика и рече дека е неталентирана и дека нејзината слава кратко ќе трае. Ја навредуваше за нејзиниот изглед и ја нарече дебела, изјавил блискиот пријател за магазинот Us Weekly.
Мажот од пеколот, го навредувал и семејството на Ким, и наводно се додоворувал и на други жени.