Ким Кардашијан, наводно, почналa да се сомнева во сексуалната ориентација на нејзиниот сопруг, Крис Хемфрис, бидејќи кошаркарот не сакал да се секаса со неа. Крис не покажувал никаков интерес за секс, откако тие двајцата се вратиле од меден месец во Италија. Од таквиот однос на Крис, старлетата била многу загрижена, пишува американскиот магазин Стар.
“Ким и Крис не се сексале со недели откако се вратиле од медениот месец. Една ноќ, Ким се вратила во хотелот и почнала да го заведува Крис, но тој не бил заинтересиран и цело време гледал во телевизорот. Ким сето тоа и го раскажала на нејзината сестра Клое, која се запрашала дали Крис е геј. На почетокот Ким помислила дека тоа е неверојатно, но кога се повеќе размислувала на таа тема, почнала се повеќе да се запрашува. Дали постојат некои знаци “, изјавил анонимен извор за списанието.
Пријателите на Крис ги негирале таквите шпекулации, тврдејќи дека се смешни и невистинити, а магазинот Стар пишува дека не ја исклучува можноста и самата Ким да шири такви невистини откако одлучила да се разведе од нејзиниот сопруг Крис.