Кристен Стјуарт на снимањето на новиот филм Снежана случајно на сетот го удрила својот колега по глава. Кристен на својот колега Крис Хемсфорд му направила модринка под окото и му го повредила носот, но сепак актерот не бил сериозно повреден. Несреќата се случила за време на снимањето на сцената со борба, која на крајот прераснала во вистинска борба:).
Неодамна, извор близок до Кристен изјавил дека актерката ја обожува Анџелина Џоли и дека ја проучува како се однесува , кои манири ги има и што работи. Таа едноставно сака да ја копира познатата актерка, изјавил изворот.