Актерот Кристијан Бејл неодамна со екипа на CNN престојувал во Кина. Таму тој сакал да го посети адвокатот и борецот за правата на децата, Чен Ганченг кој се наоѓа во домашен притвор. Но сепак, Бејл не успеал да стигне до адвокат бидејќи бил сопрен од кинески чувари кои за малку и физички ќе се пресметале со познатиот актер.
Бејл бил премногу лут и ги туркал чуварите, бидејќи не му дозволиле да оди и да го посети Чен кој е познат активист. “Јас тоа не го направив за да се покажам колку сум храбар. Туку видов што прават чуварите и полицијата на тамошните луѓе кои сакаат да го посетат Чен. Прво, ги тепаат, а потоа ги носат во затвор”, изјавил актерот, кој не успеал да го посети Чен.
http://www.youtube.com/watch?v=X-NGweWIQqc&feature=player_embedded