Американците велат дека постојат три работи кои морате да ги направите додека ја пеете националната химна на Супер Боул (американскиот фудбал-рагби), тоа се да изгледате добро, да ги погодите нотите исе разбира да не го згрешите текстот. Кристина Агилера на настапот на годинешниот американски фудбал ги имаше две од овие три наведени работи. Една од најпопуларните пејачки, со извонреден вокал овој пат го згреши текстот на химната, и наместо да го отпее следниов стих “O’er the ramparts we watch’d, were so gallantly streaming”, таа направи своја верзија “What so proudly we watched at the twilight’s last reaming.” Следеле безброј негативни коментари на Твитер социјалната мрежа, но сепак Кристина не е единствената ѕвезда која се има посрамотено на Супер Боул.