Некои американски портали објавуваат дека Кристофер Вокен деновиве најмил адвокат! Актерот решил на време да се подготви, бидејќи полицијата во Лос Анџелес по 30 години повторно ја отворила истрагата за смртта на Натали Вуд. На 29 ноември 1981 година, Кристофер бил на јахтата на Натали Вуд и нејзиниот сопруг, Роберт Вагнер, но неговата верзија за наводната несреќа сега не се совпаѓала со изјавите на повеќето сведоци.
Полицијата официјално соопштила дека Вагнер не е осомничен, а Вокен за овој случај молчел се до 1997 година, кога во интервјуто за Плејбој изјавил што се случило на бродот. Истата приказна ја повторил и деновиве.
Тој за смртта на актерката изјавил дека е “трагичен настан на кој му претходел алкохол и голема караница, но и голема расправија помеѓу него и Вагнер. Кристофер нагласил дека по расправијата што ја имал со Вагнер веднаш заминал во својата соба, а Натали и Роберт се качиле на палубата. За Смртта на Натали слушнал дури во утринските часови.