Јапонските власти, кризата во нуклеарната електрана “Фукушима“, денес ја прогласија за нуклерна криза од седми степен, со што е изедначена со катастрофата во Чернобил од 1986 година.
Како причина за зголемената опасност од петти на седми степен, највисок степен на скалата што ја воведе Меѓународната агенција за атомска енергија – ИАЕА, се наведува кумулативното истекување на радијацијата од “Фукушима“ во воздухот, водата за пиење, растенијата и морската вода.
До сега единствена нуклеарна катастрофа од седми степен беше онаа во украинската нуклеарна електрана Чернобил, што се случи на 28. Април 1986 година. По таа катастрофа, околу централата заради контаминација на радиоактивен материјал беше воспоставена забранета зона на живеење во радиус од 30 километри околу електраната.
Јапонски официјални лица тврдат дека доколку истекувањето на радијацијата продолжи, чернобилското ниво може да биде поместено.
До подигнување на нивото на сериозноста на кризата дошло еден ден откако јапонската влада прогласи уште пет населби како зони од кои што луѓето мора да се иселат заради опасноста од радијација.
Зоната за иселување до сега се простираше на 20 километри околу “Фукушима“ , оштетената нуклеарка од разорниот земјотрес и цунами што ја погодија Јапонија на 11. март.
Во меѓувреме, утринава североисточното крајбрежје на Јапонија го погоди уште еден земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер.
Извор: Нетпрес