И покрај репутацијата која ја имаат за крволочбни подоводни ѕверки, пираните изгледа повеќе лаат отколку што гризат, откриле истражувачите. Во една студија, објавена во списанието Експериментална биологија, се наведува дека тие страшни водни суштества користат звук во меѓусебната комуникација и дека пре би го исплашиле противникот отколку да го нападнат.
Користејќи подводни микрофони, истражувачите снимиле звуци кои ги произведуваат пираните кога се соочени една со друга. Забележани биле три различни звуци кои испраќаат различни „пораки“.
Главниот истражувач, Ерик Парментје од белгискиот Универзитет во Лиеж, кој ги проучувал звуците и комуникацијата на голем број пирани, знаел од порано дека овие риби произведуваат звук, но сакал да дознае нешто повеќе за тоа. Тој со своите колеги со помош на хидрофон ги снимиле звуците кои ги испуштале пираните.
Снимени биле три типа на звуци, едниот бил како лаење, а може да се слушне кога рибите се соочени едни со други но не се конфротираат. Другиот звук бил нешто слично како удирање во тапан, а пираните ги испуштаат кога една со друга се сакаат. А третиот звук е тивок крек кога се гризат.
Пираните обично се „тепаат“ за храна, но голем дел од времето мирно пливаат, не произведувајќи никакви звуци, се наведува во истражувањето.
„За животните подобро е во смисла на енергијата, да прават многу врева и да го заплашат противникот, отколку да се тепаат“, објаснил белгискиот доктор.