Претставници на градовите во кои се родени Адолф Хитлер, Бенито Мусолини и Сталин ќе се состанат во октомври месец во Австрија за да дискутираат за културното наследство на овие мисета.
Место на средбата ќе биде градот Бранау во Австрија каде е роден Хитлер, а ќе присуствуваат и претставници од Гори, Грузија местото каде е роден Сталин и Преапи, италијанскиот град каде е роден Мусолини. Градоначалникот на овој италијански град, Џорџо Фрасинети, изјавил дека овие места мора да бидат „столбови на демократија“, иако и понатаму ќе потсетуваат на неонацистите.
Оргнизаторот на средбата Андреас Мејсинглер имал во план зградата во која е роден Хитлер се претоври во „Куќа на одговорност“ каде ќе се одржуваат разни средби, дебати и други настани.