Кунигсег Агера Р во гинисовата книги на рекорди со најбрзо време од 0-300 km/h

popara10 декември, 20111min00
0

И тоа се случува… Не е некое посебно автомобилите да поставуваат секакви рекорди за да влезат во најпознатата збирка на светски остварувања. Од не така одамнешното најбрзо возење на мраз, до разни други обиди, промашувања и успеси.

Најновиот запис поврзан со автомобилите, кој најде свое место помеѓу страниците на Гинисовата книги од неодамна е и Конигсег Агера Р, суперавтомобил чиј 5-литарски V8 32V развива одлични 1115 КС при 6900 о/мин односно повеќе од  1000 Nm измеѓу 2700 и 6170 о/мин.

Да се вратиме на рекордот. Овој автомобил на аеродромот Ангехолм во Шведска постави нов службен рекорд (за спортски двосед) за убрзувањео од место за 300 km/h па се до повторно застанување. Во конкретни бројки, на Ageri R му беа потребни само 21,19 секунди.

Но, останатите измерени вредности ( кои не се за во Гинис ) се исто така импревисно. Автомобилот забрзува од 0 до 200 за 14,52секунди, а за комплетно застанување при брзина од 300 km/h на Агерата и се потребни неверојатни 6,66 секунди.

Освен сировата снага на моторот, за ваквите бројки се заслужни и врвните кочници. Напред се поставени керамички дискови со димензии од 397 x 40 mm со клешти со 6 клипови, додека од страната има исто така керамички дискови но со димензии од 380×34 со клешти со 4 клипови.

Гаранцијата на овој автомобил инаку важи 3 години.

Еве и два клипа од тоа забрзувањето од 0-300

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag