Костимите на Мерлин Монро, кои ги носела во филмовите “Мажите повеќе сакаат русокоси” и “Автобуска станица”, ќе се најдат на аукција на 3 декември во Беверли Хилс.
На декемвриската аукција ќе се најдат четири филмски костими од Мерлин Монро – фустанот кој го носела 1956 година во филмот “Автобуска станица”, како и фустаните од филмовите “Мажите повеќе сакаат русокоси”, “Нијагара” и “Ајде да се сакаме”, најавено е од аукциската куќа “Profiles in History”.
На аукцијата која ја организирала Деби Рејнолдс во јуни оваа година, познатиот фустан на Мерлин Монро од филмот “Седум години верност”, продадена е за 5,52 милиони долари.
Обожавателите и колекционерите на Мерлин Монро, ќе добијат уште една шанса да купат костими кои ги носела оваа актерка, а нивната цена ќе биде од 150.000 до 300.000 долари на аукција која повторно ја организира Рејнолдс.
Провокативните и секси филмски костими кои Мерлин Монро ги носела, ги скршија строгите и конзервативни бариери во филмската индустрија во тоа време.