Ла Боноте – најскапите компири на светот

popara6 декември, 20111min00
La-Bonnotte-potatoes2-550x358

Кога мислите на скапа храна, компирите не се првото нешто што ќе ви падне на памет, нели? Верувале или не, Ла Боноте компирите се една од најскапите видови храна на светот и се служат само во луксузни ресторани.

Цената за еден килограм Ла Боноте компири достигнува и до 700 долари. Нивната огромна цена не се должи само на одличниот вкус, туку и на фактот дека овие компири се многу ретки. Овој вид на компири се одгледува само во Ноирмориер, остров на западниот брег на Франција, а годишно се произведуваат само 100 тони.

Ла Боноте компирите мора да се копаат рачно, бидејќи нивното стебло е премногу кревко за да се копа со машина. Тие исто така мора да бидат фертилизирани со посебен вид на алги и морски треви, кои всушност го даваат необичниот вкус на компирите.

Ла Боноте компирите се познати и како Кралеви помеѓу компирите. Тие се садат во февруари, а се берат секоја прва недела на мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag