Лајкувај, па ќе видиш! И тоа да ти било незаконито…ццц

popara23 август, 20111min00
news_28033

Лајкувањето е речиси најпопуларна алатка на друштвената мрежа фејсбук. Меѓутоа, таа најверојатно не е во согласност со строгите германски и европски закони кои ја штитат приватноста на луѓето.

Адвокатот Тило Веихерт, кој работи за Независниот центар за заштита на приватноста (ULD) во северна Германија, кажува од свое искуство дека смета оти лајкувањето на фејсбук е нелегална работа и дека администрацијата на фејсбук создава профил за навиките на сите свои корисници.

Уште трвди и дека самата посета на насловната страна на најпопуларната светска социјална мрежа, како и користењето на лајкот и овозможуваат на компанијата на Марк да ги следи сите ваши чекори на интернет дури и по две години.

Фејсбук најверојатно работи на креирање широк профил и за поединците кои не го користат истиот, како и на персонализација на профилите на своите корисници.

Сите овие податоци можат да бидат интересни за маркетиншките компании и огласниците, но истовремено можат да се употребат и за информирање на полицијата.

Во ULD се сигурни дека ова профилирање на интернет корисниците ги крши германските и европските закони за заштита на личните податоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag