Прототипот Lancia Stratos сеуште не дебитирал на некој од светските саеми на автомобили, но брутално ги напаѓа италијанските тест патеки. Верен на изгледот од 1972 година на Бертоне, Stratos се карактеризира со V-8 мотор земен од Ferrari F430 Scuderia, но соодносот со тежината е подобар отколку кај моделот Enzo. Pininfarina и тимот на богатите ентузијасти зад Stratos ќе се согласат да ви изградат еден, за “добра цена”.