Неколку десетици диви животни шетаат низ американската држава Охајо, бидејќи избегале од животинската фарма, чиј сопственик е пронајден мртов, соопштила полицијата и повикала граѓаните да останат во своите домови во градот Зејнзвил.
Полицијата предупредила дека на фармата, која била без никакво обезбедување, имало лавови, волци, тигри, жирафи, камили и мечки, додала дека неколку животни се убиени низ улиците, но не навела кои животни останале на слобода.
Некои од животните биле забележани како скитаат по автопатите.
Локалната телевизија соопштила дека телото на сопственикот е најдено во без животна состојба пред неговата куќа.
Вработените од блиската зоолошка градина исто така се на терен за да се обидат да ги фатат животните.
httpv://www.youtube.com/watch?v=S9BFf0NHqrY
httpv://www.youtube.com/watch?v=2zrT6ZuJvmE