Лажни фотографии кои го потресоа светот – Прв дел

popara18 септември, 20111min00
naslovna

Во светот каде што знаењето е моќ, да се има доза на скептицизам е добра особина. Секојдневно се појавуваат многу фотографии, кои се прикажани онака како што се очекува јавноста да ги види. Фотографиите сепак знаат да лажат, особено во ерата на Фотошоп и интернет, каде било кој, кој поседува барем делумно познавање, може да објави лажни фотографии кои многу лесно може да се прошират низ светот како вистина. Ви ги прикажуваме најпознатите фотографии, кои со приказната која ја носат со себе значително влијаеја врз јавното мислење, но подоцна се покажале како фотомонтажи. Дел од нив се потврдени „фалсификати“, додека за дел од нив сеуште се докажува „фотомонтажата“, но сите тие имале значаен импакт врз светската јавност, па едноставно е неопходно да се дознае вистината.

 

1.    Последната фотографија од Осама бин Ладен, кого американската војска во елиминираше во тајна операција. Дури и американските сенатори се посомневале дека станува збор за фотомонтажа, особено бидејќи телото на „непријателот број 1“ било фрлено во море. На фотографијата може да видите дека телото на бин Ладен е во идентична позиција како на фотографијата од пред неколку години, што јасно укажува дека станува збор за фотомонтажа.

 

2.      Во оваа „night vision“ верзија на фотографијата од мртвото тело на бин Ладен, може да забележиме неколку чудни работи. Прво, прострелната рана е над погрешното око. Второ, сликата е со премногу лош квалитет за таква значајна мисија, бидејќи се знае дека армијата на САД е секогаш опремена со најсовремена технологија. Трето, за филмоманите е јасно дека станува збор за сцена од филмот Black Hawk Down од 2001 година, со тоа што бин Ладен е на местото на актерот Џереми Пивен.  Откако беше потврдено дека се фотомонтажи, од Белата Куќа изјавија дека нема да ги објават вистинските фотоградии, со цел да ја заштитат Америка. Да не признаеше самата Ал Каеда дека бин Ладен е мртов, многумина сеуште ќе се сомневаа.

 

3.    Ова е фотографијата наречена „Случајниот турист“, која се појави по нападите на „кулите близначки“ на 11 Септември 2011 година. На сликата се гледа како турист се слика моменти пред авионот да удири во зградата на Светскиот Трговски Центар. Иако првично беше прифатена како вистинита,, сепак беше докажано дека е фотомонтажа бидејќи авионот доаѓа од друг правец, не е истиот тип на авион кој навистина се урна во кулата, сонцето се одбива од авионот во многу чуден агол, а и фотомонтажата на датумот е направена со лош квалитет. Всушност, туристот на сликата е унгарецот Петар Гузли, кој подоцна признал дека направил фотомонтажа за да ги забавува своите пријатели.

 

4.    Садистичкиот командир на тајната полиција Николај Јежов му беше десна рака на Јозеф Сталин за време на „Големата чистка“, кога беа убиени илјадници политички ривали и противници на режимот. Но кога самиот Јежов бил „исчистен“, за него бил направен особен напор да исчезне од сите официјални документи. Сталинистичките активисти се погрижиле да изгледа како Јежов никогаш да не постоел. Најдобар пример за тоа е фотографијата на која Јежов и Сталин шетаат еден до друг, која подоцна била обработена и Јежов бил избришан. Оригиналната фотографија сеуште постои, како доказ на манипулативните техники кои ги користел Сталин за да се оддржи на власт.

 

5.    „Хеликоптерската ајкула стана интернет сензација во 2001 година. Таа беше испраќана по е-маил со назнака дека е Фотографија на годината според списанието National Geographic, но набрзо потоа списанието ги негираше ваквите гласини. Експертите набрзо укажаа дека станува збор за фотографија од вежба на американската војска искомбинирана со готографија од големата бела ајкула сликана во Јужна Африка. Оттогаш, оваа фотографија служи како пример за моќта која ја поседува интернетот во формирање на јавното мислење.

 

6.     Во 2008 година се крена огромна фама околу фактот дека Иран тестира нови ракети кои имаат дострел до Израел. Веднаш по тестирањето, оваа фотографија се појави на насловните страници на весниците како Лос Анџелес Тајмс и Чикако Трибјун, како и на интернет страниците на NYTimes.com, BBC News и MSNBC. Фотографијата предизвика жестоки дебати на светските лидери кои стравуваа од можноста за уште една војна на Блискот Исток.

 

7.    Всушност, ова е вистинската слика од тестирањето на ракетите. Експертите увидоа дека на монтираната фотограија има неколку недоследности. Прво, облаците прашина од првата и втората ракета се идентични, што е невозможно. Вото, иако ракетите се лансирани од различна далечина, тие се со иста големина. Подоцна Асошиејтед прес ја објави оригиналната фотографија, на која се гледа дека една од ракетите воопшто не била лансирана, а останатите раките не поседуваат моќ колку што беше прикажано дека поседуваат.

 

8.     Во 2002 година, на интернет се појави фотографија на која тогашниот претседател Џорџ Буш држи детска книга во рацете свртена наопаку. Всушност, подоцна беше докажано дека станува збор за фотомонтажа, бидејќи корицата од книгата која ја држи Буш е всушност корицата од книгата која ја држи девојчето, само свртена наопаку. Сепак, оваа фотографија сеуште се користи од противниците на Буш како доказ за неговиот недостаток на интелигенција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag