Леб и сол е македонска џез/рок група, формирана на 1 јануари 1976, од нејзините основачи Влатко Стефановски и Бодан Арсовски, претходни членови на групата Брег со Мики Петковски, како и Никола Димушевски и Димитар Чочоровски .
Првите снимки Етида бр. 3, Деветка и Песна за нас, Леб и сол ги работеле во студиото на Радио Скопје, каде што успеале да ги реализираат за само два часа. Првиот настап надвор од СР Македонија им се случил во април 1977, во Нови Сад (тогашнаСФРЈ), каде што настапиле како предгрупа на Драго Млинарец, по што добиле покана за учество на Младинскиот фестивал во Суботица. По освоената прва награда добиле можност за реализација на деби-албум, според договорот со продуцентската куќа ПГП РТБ. Тогаш со нив настапувал и Гарабет Тавитјан (кој неколку месеци претходно ѝ се приклучил на групата), кој својата огнена крштевка ја имал кон крајот на август истата година кога Леб и сол настапиле како предгрупа на Бијело Дугме на концерт кај Хајдучка чешма.
Понесени од големиот успех, матичната куќа ПГП РТБ им дала многу подобри услови за снимањето на втората плоча, како и награда за реализацијата на истата, со тогаш ценетата награда „Седум секретари на СКОЈ“. Читателите на списанието „Џубокс“ им доделиле најмногу гласови за 1978, по што Леб и сол биле избрани за најдобра група за таа година.
Нивниот трет албум бил насловен Ручни рад (1979), каде што нивниот стил се доближил кон џез музиката. Следното LP Следовање, на коешто самите биле продуценти, го снимиле во студиото на Радио Скопје.
Во 1987 го издале проектот Као какао, според многумина е најамбициозниот во нивната дотогашна кариера. Во групата биле и клавијатуристот Кирил Џајковски и саксофонистот Гоце Мицанов, а како гости се појавиле Ана Костовска и Беби Дол, додека Рони Ватен свирел ирски гајди. На плочата, која во 1999 во Хрватска била прогласена како најуспешно CD-реиздание, се нашле девет вокални теми, од кои голем број станале хитови како Скопје, Као какао, Чувам ноћ од будних и други
http://www.youtube.com/watch?v=MdIDMzbvrf4
http://www.youtube.com/watch?v=b7VnwC3RZWg
http://www.youtube.com/watch?v=xr8wj7Qlg7Y