Ворен Сили го доби прекарот „Лего момче“ поради неверојатните предмети кои ги изработува од популарните шарени лего коцки.
Ворен кој инаку израснал на фарма во Орегон и уште како дете покажал голем интерес и талент за конструкција на разни предмети, па така на 6 години конструирал трактор мотор.
Веќе на 12 години Ворен направил мали реплики од сите машини кои татко му ги користел во фармата.
Ворен на 15 години се запишал на колеџ и сега студира електроинжињерство. Неговите реплики биле изложувани насекаде во светот, а се користат и како научен материјал на студентските предавања на Универзитетот во Вашингтон и Орегон.
„Моите машини се реални, имаат идентични функции и си ја вршат работата, а не се опасни. Идеални се за учење, со нивна помош можете да видите како се вади компир од земјата, или пак како се прави етерично масло од нане“, изјавил генијалецот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vS0T8GYJyxI