Гитаристот на групата Queen, Брајан Меј (64), преговара за главен локал на оваа легендарна група. -Лејди Гага би била одлична замена за Фреди Меркјури кој почина 1991 година. Од 2004 до 2009 наместо него настпувал Пол Роџерс (61), а Queen сака повторно да започнат турнеја, па бара нов пејач. Меј се надева дека пејачката ќе ја прифати оваа понуда , иако многу познати пејачи се заинтересирани за соработка.
-Таа не е само пејачка, таа пишува и свој материјал, изјавил Меј, додавајќи дека Лејди Гага веќе изјавила дека би сакала да соработува со нив.