Алис Купер се спореди со Лејди Гага и изјави дека таа е негова женска верзија. Славниот рокер смета дека и таа и тој ја делат љубовта кон театралната изведба на сцената, затоашто глумат имагинарни ликови пред публиката.
– Лејди Гага је женска верзија на Алис Купер. Таа го разбира тоа. Креирала лик под назив Лејди Гага и пишува песни за Лејди Гага баш како што јас пишувам за Алис. Но кога ќе ја сретнете надвор од сцената, таа не е ни малку слична, како ни јас- смета тој.
63 годишниот Алис е роден како Винсент Фурниер, а на сцена сака да го бои своето лице, да носи луди фризури и естравагантни костуми. Лејди Гага неколку пати има изјавено дека тој и е пример, а на почетокот на пролетта тие и соработуваа на кратко. Гага се има појавено на еден од неговите концерти, а двајцата пеачи се сликале после тоа заедно и сликте беа објавени на Фејсбук.