Популарната пејачка Лејди Гага ја победила на суд својата анимирана интернет соперничка Лејди Гугу, на која и е забрането во иднина да се промовира.
Лејди Гугу, русокосо бебе и црни очила за сонце, е ѕвезда на детските друштвени страни “Moshi Monsters” позади која стои британската компанија “Mind Kind”.
Малата Лејди Гугу многу потесетува на Лејди Гага. Се појавува во видео спотот “The Moshi Dance” кој стана хит на YouTube.
“Mind Kind” планирале песната да ја издадат како сингл, но оваа идеја воопшто не и се допаднала на Лејди Гага, која поднела тужба против компанијата, а оваа недела судот во Лондон забранил – промовирање, продажба, дистрибуција и рекламирање – на било кое музичко видео во кое се наога Лејди Гугу.
http://www.youtube.com/watch?v=Re2lKxEH8eI&feature=player_embedded