Многу добро е познато дека идол на Лејди Гага била починатата пејачка Ејми Вајнхаус.
Пејачката ја посетила куќата на трагично починатата ѕвезда, но била маскирана, за да може непречено да влезе во куќата.
Гага во толкава мера била фасцинирана од пејачката, што откако слушнала за тажната вест, неколку дена поради голем шок не можела да зборува.
– Бев сосема скршена и тажна. Од шок не можев да зборувам цели 48 часа .-
Гага се надоврзала на честото поврзување на животниот стил на Ејми со нејзината смрт:
– Мислам дека на Ејми не и беше потребна никаква лекција, а нејзината смрт треба да биде лекција за целиот свет кој треба да биде повеликодушен кон ѕвездите. Сите биле многу строги према Ејми. Она што знам за нејзе, е дека била многу мила и срдечна девојка -.
Освен тоа што често ја мешале со Ејми поради сличностите, Гага не го крие фактот дека токму она сака да ја игра Ејми на големото платно.