Ако се прашувате зошто Лејди Гага (25), е толку експлицитна кога станува збор за секс, големината на пенисот и било што поврзано со интимноста, сега работите ќе ви станат појасни.
– Детството го поминав слушајќи ги мајка ми и татко како водат љубов. Во собите немавме врати, така што родителите можеа да слушнат што зборуваме со сестра ми, но не сметале на тоа дека и ние можевме да ги слушнеме многу добро како ги работат оние работи кои децата не би требало да ги слушаат, ниту да знаат за нив, изјавила пејачката, додавајќи дека со ноќи ја слушала својата мајка како стенка.
Либералното воспитување и отворената дискусија ја направиле пејачката она што е денес. И понатаму живеам со моите родители или преспивам кај пријатели, изјавила Гага. Иако има милиони Гага се уште не сака да си купи куќа само за себе.