Скандалозната Лејди Гага повторно ја шокира јавноста со изјавата дека наскоро ќе прави свадба и ќе ги покани сите свои обожаватели да присуствуваат.
25-годишната пејачка ќе се омажи за својот дечко Лук Карл, со кого се заедно доста долго време. Гага планира големиот настан да се одржи на стадион за да може сите нејзини обожаватели да станат сведоци на церемонијата.
Пејачката повторно докажува дека ги сака своите фанови, канејќи ги на свадба, коментираат британските таблоиди. Листата на гостите ќе биде подготвена преку лотарија. Изведувачка ветува дека свадбата ќе изгледа како заносно шоу.
Гага ја започна врската со Карл во 2005 година пред да стекне популарност . Како и секој друг пар, двајцата доживеаја тешки моменти, но изведувачка е сигурна дека се создадени еден за друг. Свадбата ќе се одржи во родниот град на младоженецот Омаха, каде што има огромен стадион.