Леjди Дијана починала во 1997 година во автомобилска несреќа во Париз, откако во чекор ја прателе папараци. Контроверзната пејачка, која трагичната смрт на Дијана ја инспирирала во 2009 година да го објави нејзиниот спот “Папараци”, е убедена дека ќе ја има истата судбина како и “Принцезата Дијана”.
– Гага отсекогаш била апсолутно фасцинирана од принцезата и знае дека се наоѓа во иста ситуација како покојната Дијана, бидејќи цело време на сите страни ја следат обожаватели и папараци, открил извор близок до пејачката, додавајќи дека пејачката сонувала дека ќе умре исто како и покојната принцеза.
Лејди Гага никогаш не криела како е фасцинирана од модниот стил на Дијана и од добротворната работа со која се занимавала.
– Дијана е жртва на својата слава. Починала, само поради тоа – изјавила пејачката кој не го крие фактот дека својот живот го живее како Циганка без сопствен дом.