Поп-ѕвездата планира да го собори рекордот на најпосетената турнеја која во моментот ја држи U2, a оваа идеја и дошла на сон.
Во обид да го собори рекордот на најуспешната и најпосетената турнеја, која во моментот ја држи ирскиот бенд U2, американската пејачка Лејди Гага има намера да започне двегодишна турнеја во текот на која ќе одржи 450 настапи низ целиот свет.
Според британскиот таблоид Sun, поп-дивата и нејзиниот тим се надеваат дека ќе биде подобра и од Мајкл Џексон и од Ролинг Стоунс.
– Таа планира следната година да започне серија на концерти во Азија и Индија, а потоа да продолжи со мега турнеја низ целиот свет. Како и се останато што е поврзано се неа, и оваа идеја и има дојдено на сон. Нејзината цел е да одржи 450 настапи. До денес никој го нема направено ова – изјави близок извор до пејачката.
Очигледно Лејди Гага се подготвува турнејата да ја започне со тимот кој стои позади турнеите на Circus и британската поп група Take That.
Нејзината турнеја Monster Ball Tour беше прогласена за најголема и најуспешна деби турнеја што била некогаш одржана.